Рајан Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од SNL, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање.
„Рајан Рејнолдс! Како си?“, го прашаа, а актерот рече: „Одлично! Зошто, што слушнавте?“ и на тој начин ја насмеа публиката, додека актерката наеднаш стана сериозна по неговите зборови.
Audience Q&A with Amy Poehler and Tina Fey! #SNL50 pic.twitter.com/XYqXMddhS9
— Saturday Night Live – SNL (@nbcsnl) February 17, 2025
Рејнолдс се пошегува за правната битка што неговата сопруга ја води со Џастин Балдони, но гледачите на Икс напишаа дека тоа е очајнички обид да се контролира штетата предизвикана од скандалот помеѓу Блејк и Џастин.
„50 години SNL засекогаш ќе бидат запаметени како местото на кое дојдоа Блејк и Рајан за време на нивниот скандал“, „Дали тие навистина мислат дека можат да не измамат да мислиме дека сето тоа е една голема шега за нив и дека се над катастрофалниот наратив што се создава околу нив?“ и „Дали ова требаше да биде смешно? Зошто Блејк и Рајан воопшто присуствуваат на настани?“ се само дел од многуте коментари.
Текстот (Видео) Рајан Рејнолдс се пошегува за правната битка на неговата сопруга, нејзината реакција стана вирална е превземен од МАКФАКС.