Сите знаеме дека мечките обожаваат мед и честопати го крадат. Сепак, многу реален пример за ова крадење забележал турскиот пчелар Ибрахим Седеф. Откако мечките постојано му провалувале во кошниците со пчели, тој се обидел да ги сокрие кошниците, но не му успеало. Затоа одлучил да ги претвори мечките во тестери за вкус, откривајќи доста интересни сознанија за нивните преференции.

Во период од три години, Седер проценува дека изгубил повеќе од 10.000 долари од алчните мечки. Пчеларот прво се обидел со мамки поставувајќи јаболка, леб и мед, но мечките постојано се враќале и провалувале. Седеф се обидел и со складишта и метални кафези, но крзнените суштества секогаш наоѓале начин да стигнат до медот.

Затоа одлучил дека е најдобро да ги следи животните. Така, тој поставил опрема за ноќно снимање и спровел експеримент за да види кој мед повеќе го сакаат мечките. Пчеларот поставил четири чинии: три со различни видови мед: цветен, од костен и анзер, и еден џем од цреши.

Снимката не само што е симпатична, туку и многу открива. Од четирите чинии, мечките најмногу го преферирале медот азнер, за кој се верува дека е најскапиот мед во светот. Се произведува од нектарот од 90 цвеќиња кои растат само во планините на висорамнината Азнер. Може да чини и до 300 долари за килограм, а многу е баран поради неговите лековити својства кои вклучуваат ублажување на болките во стомакот, губење на косата и третман на рани.

За да биде сигурен, Седеф се обидел да ги стави чиниите со мед во поинаков редослед, но мечките сепак прво оделе директно на медот анзер.

– И покрај сето ова, кога ги гледам снимките, заборавам на штетата што ми ја направија и ги обожавам – вели тој.