Францускиот првак Пари Сен Жермен не успеа да стигне до победа на стартот на новиот шампионат во Лига 1. Луис Енрике дебитираше со реми без голови на „Паркот на принцовите“ против Лориен.
Без Килијан Мбапе, Нејмар и без Марко Верати, како и без Лео Меси кој си замина од Париз, очигледно дека ПСЖ има проблеми на стартот. Новите засилувања, Гонсало Рамос, Марко Асенсио, Угарте, и останатите, сепак, не се вклопија доволно брзо во мозаикот на Луис Енрике.
ПСЖ имаше неколку шанси, но, сепак, изостана реализацијата на почетокот од новата сезона.