„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“ е превземен од МАКФАКС.