Њукасл го декласира Манчестер јунајтед со 4:1 во 32.коло, во англиската Премиер лига. Со овој триумф и со натпревар помалку од конкурентите, Њукасл се искачи на четвртата позиција на табелата.
Њукасл победа над „црвените ѓаволи“ му ја посвети на менаџерот Еди Хау, кој во петокот беше хоспитализиран.
Рубен Аморим, тренерот на „црвените ѓаволи“ реши да го остави Андре Онана на клупата за овој меч по серијата слаби настапи.
Неговото место го зазеде Алтај Бајиндир, кој дебитираше во Премиер лигата, но не се прослави. Тој капитулираше во 24. минута по одличната акција на Исак и Тонали. Швеѓанецот ја запиша шестата асистенција сезонава, а Италијанецот, со волеј ја затресе противничката мрежа.
Јунајтед успеа да се врати пред крајот на првото полувреме кога Алехандро Гарначо, кој со играч на грб, сепак успеа да ја испрати топката зад грбот на ник Поуп.
Тоа беше резултатот по првиот дел, а по враќањето „х фактор“ беше Харви Барнс.
Англичанецот со два гола во првите 20 минути, во вториот дел целосно ги згасна надежите на противникот дека може со бодови да се врати од северот на Англија.
Во 49. минута Барнс се најде на вистинското по центаршут на Ливраменто и акцијата во која учествуваше Марфи.
Во 64. минута го постигна вториот по слаломот низ одбраната на Јунајтед. Четвртиот гол го постигна Жоелингтон, по големата грешка на голманот Бајиндир.
Текстот (Видео) Пораз на Манчестер јунајтед во Њукасл – „Црвените ѓаволи“ под итно мора да најдат голман е превземен од МАКФАКС.