Поп дивата Кристина Агилера блесна на премиерата на мјузиклот „Бурлеска“ во Лондон.
Имено, пејачката за пригодата го избра оригиналниот фустан со корсет на Версаче што првпат го носеше во 2003 година кога снимаше модна кампања за брендот.
Креацијата во боја на сенф е украсена со вкрстен вез, како и со асиметричен раб. Исто како и пред 22 години, фустанот е вистинска сензација и денес, а тоа ни кажува за безвременските карактеристики на овој фустан.
For those commenting on the hair – Christina is likely referencing her own 2003 Versace campaign with this look pic.twitter.com/4WE01PGSpF
— Mark (@106th) July 21, 2025
Покрај тоа, Агилера внесе нов живот во креацијата со својот изглед, но и со специфични модни додатоци.
Таа ја стилизираше со црни кожни чизми, но и со впечатлив црн кармин, давајќи му на целиот изглед доза на драма.
Фотографии и видеа се шират на социјалните мрежи, а луѓето пишуваат дека „Крисина не старее“.
Фото: принтскрин
Текстот (Видео) Поп дивата носи култен фустан од Версаче, сите пишуваат: Фустанот не старее, а ниту таа е превземен од МАКФАКС.