Полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатиле на местото на настанот и повреденото лице е успешно преземено и транспортирано до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Текстот (Видео) Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза” е превземен од МАКФАКС.