Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од Подгорица, во населбата Пипери. Пожарот голта сè пред себе, додека пожарникарите се борат дење и ноќе за да ги локализираат пожарите. Гаснењето пожари се врши и од воздух, јавуваат регионалните медиуми.

Снимките од гаснењето пожари со помош на хеликоптер над Црна Гора покажуваат колку се драматични сцените, додека чадот ја отежнува видливоста. Пожарникарите вложуваат максимални напори за да го стават пожарот под контрола.

Пожарите што избувнаа на неколку локации околу Подгорица синоќа се уште активни утрово, а според „Вијести“, најкритичниот е сè уште во Пипери, каде што синоќа избувна ново жариште во Дрезга и Церовице.

Во текот на ноќта во близина на Чањ, пожарот повторно се разгоре поради силни ветрови, густ чад се шири во сите правци, а ветрот дополнително придонесува за ова. Според сателитските податоци од „Гугл мапс“, се проценува дека изгореле 12 квадратни километри.

Пожарите во Црна Гора избувнаа кога автомобил се запали во Буљарица. Пожарот се прошири на непристапен терен и стигна до Чањ, а потоа и до други места.

 

Текстот (Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад е превземен од МАКФАКС.