Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени вчера кога автомобил влета во толпата на божиќната парада во Ваукеша, Висконсин, соопшти денеска американската полиција.

Advertisements

„Во овој момент можеме да потврдиме дека пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени. Сепак, тие бројки може да се променат кога ќе добиеме дополнителни информации“, објави полицијата.

Началникот на полицијата во Ваукеша, Ден Томпсон, изјави дека возачот на автомобилот е уапсен. Властите соопштија дека итната помош пренела 12 деца и 11 возрасни во болниците, а голем број од повредените биле префрлени во болници од страна на нивните семејства и пријатели.

Инцидентот се случи во Ваукеша, мал град на 32 километри западно од Милвоки.

Прикажи повеќе