Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Текстот (Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите е превземен од МАКФАКС.