Според извештајот, еден патник на крстаречки брод „Ројал Кариби“ починал додека бил во притвор, откако наводно ги нападнал членовите на екипажот и им се заканувал на другите патници во алокохолизирана бесна состојба.

Мајкл Вирџил (35) починал во петокот на брод за крстарење кој пловел за Енсенада, откако, како што тврди неговото семејство, безбедносниот персонал му инјектирал еден вид седатив, пренесува Фокс 11.

Вирџил, наводно, се заканувал дека ќе убие други и нападнал двајца членови на екипажот во див излив што започнал помалку од еден час откако крстаречкиот брод тргнал од Сан Педро, објави телевизиската станица со седиште во Лос Анџелес.

Наводно, удрил двајца членови на екипажот.

„Господинот кој беше пијан рече дека ќе не убие сите“, изјави патникот Кристифер Михаил. „Почна да не брка низ ходникот“.

Додаде дека бегал заедно со член од екипажот и се сокрил во шкаф за пешкири, па се заклучил внатре.

Вирџил потоа повеќе пати се обидел со нога да ја искрши вратата, што може да се види на видео-снимката од инцидентот, кој Михаил ја направил. На видеото, Вирџил се гледа во ходникот на бродот за крстарење удира по вратата, пцуе, а потоа ја соблекува маицата.

Неколку припадници на обезбедувањето на крајот успеале да го совладаат патникот.

Патникот починал за еден час откако, како што тврди неговото семејство, му бил вбризгана седатив.

Причината за смртта ќе ја утврди обдукцијата. ФБИ го истражува инцидентот и смртта.

Текстот (Видео) Патник на крстарење полудел, напаѓал луѓе и им се заканил дека ќе ги убие: починал мистериозно по еден час е превземен од МАКФАКС.