(ВИДЕО) Палестина доби товари жито како дел од хуманитарната програма „Grain from Ukraine “ 

И покрај агресијата на Русија и зголемените напади, Украина продолжува да ја демонстрира својата посветеност и лидерство во поддршката на земјите во опасност од глад.

Брод со 1.000 тони пченично брашно пристигна од Украина во Палестина за да обезбеди итна помош за оние кои страдаат од недостиг на храна. Вкупно Палестина ќе добие 7.000 тони пченично брашно и 750 тони масло, објави украинската амбасада во Република Северна Македонија на Фејсбук.

Оваа пратка е прва од трите пратки наменети за Палестина во рамки на иницијативата. Тоа ќе помогне за поддршка за време на еден месец на повеќе од 101.000 палестински семејства кои се најдоа на првите линии на конфликтот во регионот.

Драган Мишев