Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти.

„Почитуван Александар! Почитувани српски патриоти! Поздрав од Будимпешта. Со месеци следиме што се случува во Србија. Странските сили се обидуваат да се мешаат во животот на Србите. Тоа се случува и овде. Странските сили сакаат да им кажат на Србите како треба да живеат. Истото го прават и овде“, рече Орбан во видео пораката.

Тој додаде дека странските сили постојано ги напаѓаат оние кои се залагаат за суверенитетот на Србија, јавуваат белградските медиуми.

„И за тоа не напаѓаат. Гледаме дека не се откажувате, гледаме дека се борите храбро, бидејќи сакате суверена Србија. Не сте сами – вашата борба е наша борба. Српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти. Да живее претседателот Вучиќ, да живее Србија“, рече Орбан.

Текстот (Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“ е превземен од МАКФАКС.