Околу 9 часот утрово, во сплитската населба Пујанке избувна масовна тепачка пред најголемото хрватско фудбалско дерби помеѓу Хајдук и Динамо, кое се игра на стадионот „Пољуд“.

Поголема група маскирани „Бед Блу Бојс“, навивачи на Динамо, упаднаа во Сплит и се судрија со членови на „Торцида“, а наводно станува збор за договорена тепачка, 200 на 200.

Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, по што настанала целосна турканица, а очевидците останале во шок:

„Во шок сум. Замислете да бев со детето. Поминав таму секунда порано, кога одеднаш се случи стампедо“, изјави денес една жена од Сплит за порталот „Далмација“.

Закупецот на блиската зграда сè гледаше од прозорецот:

„Сè уште се освестувам, се слушнаа завивања, викања, вресоци. Одеднаш, околу стотина луѓе се распрснаа по улицата.“

Полицијата ја информираше јавноста дека уапсила голем број хулигани, а потрагата по другите сè уште е во тек.

Дербито ќе започне во 16 часот.

Текстот (Видео) Општа тепачка во Сплит – „Врие“ пред дуелот меѓу Хајдук и Динамо е превземен од МАКФАКС.