На социјалните мрежи се споделува видео од првото испрашување на човекот кој пукаше 5 пати во Фицо.
Писателот Јурај Цинтула, кој го застрела словачкиот премиер Фицо, рече дека го направил тоа затоа што не се согласувал со политиките на владата.
‼️ Video of the first interrogation of the man who shot Fico 5 times
The writer Juraj Cintula, who shot #Slovak Prime Minister #Fico, said he did it because he disagreed with the government’s policies. pic.twitter.com/DDPBLnyxFj
— NEXTA (@nexta_tv) May 15, 2024
Полицијата во Словачка веднаш по нападот го приведе напаѓачот кого го идентификуваше како 71-годишниот Јурај Цинтула од Левица, кој со пиштол, што законски го поседувал, го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо.
Словачките медиуми јавуваат дека тој извикал „Робо, дојди овде!“ пред да го застрела Фицо, кој им пријде на граѓаните по владината седница во градот Хандлова, 150 километри од Братислава.
Здравствена состојба на Фицо, кој првично со автомобил беше пренесен во болница, а потоа со хеликоптер префрлен во Бањска Бистрица, е критична.
Драган Мишев