Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција.

Смртни случаи се регистрирани во планинските северни окрузи на Пекинг – 28 во Мијун и двајца во Јанќинг. Државните медиуми не прецизираа на кој начин луѓето загинале. Обилните врнежи почнале за време на викендот и вчера се засилиле околу Пекинг и околните провинции. Во северните окрузи на главниот град наврнале до 543,4 мимиметри врнежи, објави државната агенција.

Поради дождот, Пекинг пресели 80.322 жители, соопшти новинската агенција Синхуа. Патиштата и комуникациската инфраструктура се оштетени, а 136 села останале без струја од полноќ.

Доцна синоќа, кинескиот претседател Си Џинпинг нареди сопфатна потрага и спасување со цел да се намали бројот на жртви на минимум. Пекинг вчера издаде предупредување за врнежи и поплави од највисок степен и ги советуваше граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Текстот (Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати е превземен од МАКФАКС.