Синоќа во Лос Анџелес се одржаа 67. Греми награди, а на социјалните мрежи се прошири вирално видео од новинарка која паѓа на црвениот тепих.
Келти Најт, дописник на „Е! Вести“, известуваше во живо од црвениот тепих, на кој пристигна со голем стил. Кога се приближуваше, се сопна и падна, а камерите го снимиле незгодниот момент.
„Зошто секогаш се случува нешто на црвениот тепих? Само пуштете ме да живеам“, напиша таа покрај видеото кое насмеа многумина.
Текстот (Видео) Новинарка се сопна на Греми наградите, па ги насмеа луѓето со објавата е превземен од МАКФАКС.