На социјалните мрежи е споделено ново видео кое е снимено за време на синоќешната пресметка меѓу студентите и полицијата пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС).
Нова.рс пишува дека новите снимки докажуваат дека полицаецот Лазар Баќиќ всушност бил повреден од колегата. Нова.рс пренесува дека Баќиќ, кој бил во цивилна облека, пришол на колона полицајци во полна опрема, при што еден од полицајците во колоната го удрил.
На Баќиќ му е повредено окото и тој е пренесен во Ургентниот центар. Набрзо го посети и српскиот претседател Александар Вучиќ.
— vojaa (@voyage998) March 11, 2025
Вучиќ во таа прилика изјави дека студенти „го удирале Баќиќ“ и му нанеле „страшни повреди“.
Текстот (Видео) Нова снимка од пресметката пред РТС: полицаецот бил удрен од колега, а не од студенти, објави српски медиум е превземен од МАКФАКС.