„Нетфликс“ објави нов трејлер за претстојната крими комедија „The Thursday Murder Club“.
Филмот е режиран од Крис Колумбус, а е базиран на истоимениот роман од 2020 година напишан од британскиот телевизиски водител и продуцент Ричард Озман.
Главните улоги ги играат Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри, а заплетот ги следи четирите бестрашни пензионери кои го поминуваат своето слободно време решавајќи нерешени убиства – како хоби. Сепак, она што не го очекувале е дека нивното хоби ќе се претвори во вистинска истрага кога ќе се најдат во средината на вистинско, мистериозно убиство.
Ова се само дел од коментарите што циркулираат на социјалните мрежи:
„Каква актерска екипа! Ако ова не е смешно и одлично, некој сериозно греши“, „Одамна не сум видел толку добри глумци на едно место“, „Единствената забелешка – дека е филм, а не серија. Можеа да снимат повеќе епизоди“, „Не знам кого претпочитам – Мирен, Броснан, Кингсли… Летниот хит доаѓа“, „Ова мора да е одличен филм“, „Само погледнете кој го режира и кој глуми“, „Заплетот ми изгледа интересен, а кога ќе видам ваков тим – знам дека нè очекува добар филм“.
Премиерата се очекува наскоро, а сè укажува на фактот дека нè чека еден од најзабавните филмови од ова лето – полн со мистерија, шарм и британски хумор.
Текстот (Видео) Нова криминална комедија доаѓа на „Нетфликс“ е превземен од МАКФАКС.