Никол Кидман освои награда на Меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс за нејзината изведба во Babygirl. Наградата и ја посвети на својата покојна мајка.
Кидман најпрво и се заблагодари на режисерката на филмот Халина Рејн што ја вработила, а потоа ја спомнала нејзината мајка и истакнала дека се уште тагува. На крајот таа се расплака.
„Ви благодарам што ми дадовте можност да кажам – ова е за мајка ми. Целата моја кариера е за мајка ми и тато, кои повеќе не се тука. Ќе продолжам да работам и да му враќам на светот затоа што го сакам она што го работам. Многу сум благодарна што ја имам привилегијата да бидам дел од филмската заедница“, рече таа.
Текстот (Видео) Никол Кидман се расплака на доделувањето: „Ова е за мојата покојна мајка“ е превземен од МАКФАКС.