Американската компанија Firefly Aerospace денеска стана втората американска компанија која успешно слетала на Месечината со своето вселенско летало Blue Ghost.

Со ова започнува двонеделна истражувачка мисија.

Се работи за летало Blue Ghost, кое има големина на компактен автомобил и опремено е со четири „нозе“.

Истото носи 10 научни товари.

Слета во 9:30 часот во близина на античкиот вулкански отвор на Mare Crisium, голем слив во североисточниот дел од страната на Месечината свртена кон Земјата.

Контролорите на летот во седиштето на Firefly во Остин (Тексас) го следеле спуштањето на леталото со брзина од само 2 милји на час, што овозможило прецизно и контролирано слетување.

„Ние сме на Месечината“, објави Вил Куган, главен инженер за контрола на мисијата на Blue Ghost.

Прва приватна компанија која изврши меко слетување на Месечината е Intuitive Machines чие летало Одисеја слета на Месечината минатата година. Вакво слетување досега успешно извршиле само пет земји: поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина, Индија и Јапонија.

Blue Ghost беше лансиран пред месец и половина со ракета на SpaceX од вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида, а истиот патувал околу 383.000 километри до Месечината.