Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се појави во емисијата на конзервативниот политички коментатор и водител Бен Шапиро. Тој предупреди дека Иран развива интерконтинентални балистички ракети кои би можеле „да ги стават Њујорк, Бостон, Вашингтон или Мајами под неговото нуклеарно оружје“.

„Иран може да уценува кој било американски град. Луѓето не веруваат во тоа. Иран развива интерконтинентални ракети со дострел од 8.000 километри, додадете уште 3.000 и тие можат да стигнат до источниот брег на Соединетите Американски Држави“, тврди тој.

„Тоа е навистина голема опасност, не сакате да бидете под нуклеарното оружје на овие луѓе, кои не се нужно рационални и скандираат „смрт за Америка“. Мислам дека Израел одлично ја држи таа опасност настрана“, продолжи Нетанјаху.

Тој зборуваше за израелското разузнавање и како тоа им помага не само на Израел, туку и на САД во заштитата на цивилите. „Спречивме соборување на авиони од страна на ИСИЛ и терористички напади низ целиот свет“, нагласи тој.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Нетанјаху: Иран има ракети со дострел од 8.000 километри, уште 3.000 и можат да стигнат до брегот на САД е превземен од МАКФАКС.