Актерката Енди Мекдауел (66) неодамна се појави во ток-шоуто на Дру Баримор, каде откри дека и бил дијагностициран синдром на пириформис. Станува збор за синдром во кој пириформисниот мускул притиска на ијатичниот нерв, предизвикувајќи болка или вкочанетост во задникот.
„Мислев дека ќе морам да направам операција на колкот. Фала богу моите колкови се во ред“, коментираше Енди. По дијагнозата почнала да работи со личен тренер за да се ослободи од болката и тренира секојдневно.
„Морам да работам на мојот задник и моите колкови. Тоа го правам секој ден. Тоа е чудо, навистина е“, истакна актерката.
Таа се осврна и на приватниот живот, велејќи дека го напуштила Холивуд и се преселила во Јужна Каролина. Рекла дека таму живее во заедница со многу луѓе на нејзина возраст и дека и е полесно да наоѓа нови пријатели.
Да потсетиме, Мекдауел неколку пати нагласи дека стареењето не и пречи. Не ја покрива седата коса и не ги крие брчките, што многумина го сметаат за освежување во Холивуд. Таа еднаш призна дека се смее кога некој ќе и каже дека изгледа постаро од порано.
Текстот (Видео) На позната актерка и е дијагностициран редок синдром: „Затоа тренирам секој ден“ е превземен од МАКФАКС.