Италијанец создаде автомобил кој повеќе изгледа како да припаѓа на цртан филм отколку на улица.
Ова екстремно тесно електрично возило, претставено во Италија, всушност е целосно функционален автомобил „Фиат Панда“ кој е широк само 50 сантиметри, а може да собере возач напред и патник назад, под услов да се доволно тенки.
Возилото може да сврти, да сопира и да се движи напред и назад како и секој друг автомобил, иако оди доста бавно. Најголемата предност, секако, е што може да се паркира на кое било паркинг место.
Возилото е рачно изработено од 30-годишниот италијански механичар Андреа Мараци, користејќи оригинални материјали од „Фиат Панда“ од 1993 година, и беше претставено на фестивал по повод 45-годишнината од Панда во италијанскиот град Пандино.
Одговарајќи на сомнежите дека возилото ќе се преврти при најмал ветер, Мараци ја демонстрираше својата стабилност со енергично туркање, нагласувајќи дека е „стабилно“.
Освен што е широк 50 см, автомобилот тежи 264 кг, висок е 145 см и долг 340 см. И покрај својата „витка градба“, има стандардни автомобилски карактеристики како што се четири тркала, две ретровизори и две врати од секоја страна на возачот.
Возилото има и волан, трепкачи и едно фарче за ноќно возење, но нема регистарска табличка. Наместо бензински мотор, се напојува со електрична батерија и мотор земен од електричен скутер, што ја ограничува неговата брзина на само 15 км/ч.
Оваа брзина е премногу мала, па затоа е важно да се напомене дека, иако овој автомобил е целосно функционален, не е на продажба, ниту е законски регистриран за возење по јавни патишта.
Текстот (Видео) Најтесниот автомобил во светот: „фиат панда“ широка само 50 сантиметри е превземен од МАКФАКС.