Најмалку 28 луѓе загинаа во поплавите и свлечиштата кои ги предизвика тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија денеска тамошните власти.
Во најтешко погодената провинција Лејте загинале најмалку 22 лица во свлечишта, а 27 луѓе се водат како исчезнати.
Три лица го изгубиле животот во провинцијата Источен Хегрос, а уште три на јужниот остров Минданао.
Над 17 илјади луѓе избегаа од своите поплавени куќи.
Бурата Меги, на Филипините позната под локалниот назив Агатон, е прва поголема тропска бура која оваа година ја погоди земјата, инаку често зафатена од природни катастрофи.