Во невремето и поплавите кои зафатија делови од САД загинаа најмалку 20 луѓе.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, синоќа изрази сочувство до семејствата на двете жртви кои починале откако врз нив паднало дрво на терен за голф.

Одделот за управување со вонредни ситуации во Арканзас потврди дека првата жртва на бурата било петгодишно момче пронајдено во куќа во југозападниот дел на Литл Рок, без да даде детали за причината за неговата смрт.

Според извештајот на противпожарната команда во Мисури, 16-годишен пожарникар загинал во сообраќајна несреќа. Десет жртви од бурата биле пријавени во Тенеси, три во Мисури, две во Кентаки и по една во Индијана и Арканзас.

Предупредувањата за поплави вчера беа во сила од Луизијана до западна Пенсилванија, а денеска се проширија за северна Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.

Од вчераутро повеќе од 90 торнада биле пријавени во најмалку 10 држави, од Канзас до Охајо, според ABC News.

Текстот (Видео) Најмалку 20 луѓе загинаа во невремето во САД е превземен од МАКФАКС.