НАСА ѝ ја откри на јавноста долгоочекуваната анализа на примерокот собран од 4,5 милијарди години стариот астероид Бену во орбитата на Земјата, кој може да влијае на нашата планета. Материјалот, собран од вселенско летало од астероидот Бену блиску до Земјата, е откриен во вселенскиот центар Џонстон на НАСА во Хјустон, Тексас.Во наредните денови, недели и месеци ќе добиеме повеќе информации за тоа од што е направен Бену и се надеваме дека тоа ќе им помогне на научниците да дознаат повеќе за нашиот Сончев систем и како започнал животот на нашата планета, јавува Би-Би-Си.
Мисијата врати меѓу 100 и 250 грама отпад, за кои НАСА верува дека содржи индиции за потеклото и развојот на карпестите планети како Земјата, а можеби дури и индиции за еволуцијата на животот.
Астероидот Бену е откриен во 1999 година, а неговиот дијаметар е околу 500 метри.
Капсулата Озирис-Рекс беше лансирана во 2016 година и стигна до Бену во 2018 година. Помина речиси две години во орбитата околу астероидот пред да земе примерок од материјал од растреситиот површински материјал со помош на роботска рака на 20 октомври 2020 година.
НАСА треба да лансира посебна мисија до подалечниот астероид Психе во четврток.
Here they are. These bits of ancient space rock may hold clues to how the rocky planets—including our own—formed. Scientists worldwide will study the #OSIRISREx sample for generations to come to get answers on where we come from. pic.twitter.com/2yN2cs36gQ
— NASA (@NASA) October 11, 2023