реклама

На Тик Ток се шират видеа од луѓе кои подготвуваат сладолед од свежо сирење и се воодушевуваат, па ви пренесуваме едно од видеата доколку сакате да пробате „сладолед“ кој нема толку лоши калории, масти или шеќер. За волја на вистината, навистина воопшто не изгледа лошо.

Подготовката е многу едноставна – во блендер ставете свежо сирење (полномасно, со малку маснотии, гранулирано, кое сакате) или измелете го до мазна текстура со миксер за стапчиња. Префрлете го во пластичен сад кој може да оди во замрзнувач и по желба измешајте парчиња чоколада, сечканото суво овошје и медот или сирупот од агава за малку да се заслади целата приказна. Треба да стои во замрзнувач околу 3 часа и потоа е готов за јадење.

реклама

Доколку сакате, додадете неколку свежи јагоди, малини или грст боровинки во сирењето додека блендирате за да добиете овошна верзија на овој малку поинаков сладолед. Сигурни сме дека ќе ви паднат на памет уште многу идеи, но за почеток погледнете го видеото кое го прикажува процесот на подготовка.

@chicago.dietitian Trying the viral cottage cheese ice cream! #cottagecheeseicecream #cottagecheeserecipe #highprotein #highproteindessert ♬ Ramadan Kareem – Megan Yagami

реклама