Фудбалерите на Наполи убедливо ја започнаа 2025 година. „Наполитанците“ гостуваа кај Фиорентина и во голем стил ги освоија трите бода во едно од дербито од 19. коло во италијанската Серија А.

Натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца заврши со резултат 0:3 (0:1).

Гостите поведоа со голот на поранешниот играч на Ајакс и Бенфика, Давид Нерес. Во 29. минута.

Во првото полувреме беше поништен по еден гол за секоја екипа, голот на Наполи во 15. минута на Матиас Оливеира поради тоа што Ромелу Лукаку беше во офсајд, а голот на Фиорентина во 38. минута поради играње со рака Мозес Кин.

Гостите во вториот дел одиграа уште поубедливо. Најпрвин Лукаку реализираше пенал во 54. минута, а петнаесетина минути подоцна Скот Мектоминеј го совлада својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Де Хеа за конечни 0:3.

По оваа победа, Наполи го презеде првото место на табелата, откако пред натпреварот го делеше првото место со Аталанта со по 41 бод. Фиорентина остана на петтото место со 32 бода.

Во следното коло Наполи ја пречекува Верона, додека Фиорентина гостува кај Монца.

Текстот (Видео) Наполи фуриозно ја започна 2025 година е превземен од МАКФАКС.