Фудбалерите на Наполи го совладаа Удинезе со 3:1 на гостувањето на „Фриули“ во натпреварот од 16. коло на италијанската Серија А.
„Наполитанците“ освоија важни бодови на тешкото гостување, останаа на второто место на табелата, со два бода помалку од лидерот Аталанта. Наполи победи во Удине со пресврт во второто полувреме.
Првиот дел не беше добра за Наполи, Удонезе стекна предност, откако во 22.минута Алекс Мерет го одбрани пеналот на Флоријан Това, но топката се врати кај францускиот играч кој погоди од вториот обид.
Вториот дел донесе поинаков пристап кај фудбалерите на Наполи, изедначија во 50.минута со голот на Ромелу Лукаку, а целосно отпорот на Удинесе ко скршија во последните 15 минути.
Соло акцијата на Давид Нерес во 76.минута заврши со авто гол на Лаутаро Џанети, а во 81.минута точка на натпеварот стави Самбо Ангинса.
Текстот (Видео) Наполи со пресврт победи на „Фриули“ е превземен од МАКФАКС.