Наполи на „Диего Марадона“ го доби Јувентус со 2:1 (0:1) во 22.коло во Серија А. Наполитанците и по ова коло ќе ја задржат лидерската позиција на табелата. Тимот на Антонио Конте има 53 бода, Интер со два натпревари помалку заостанува шест бода. Јувентус во Неапол го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А, остана на 37 бода и до крајот на сезоната му претстои борба за пласман во Лигата на шампионите.
Пресметката меѓу лидерот во Серија А и најтрофејниот италијански клуб донесе голема борба на теренот и апсолутна доминација на Наполи во второто полувреме, откако Јувентус за нијанса беше подобар во првото полувреме.
Подобрата игра во првиот дел, Јувентус ја круниса со гол во 43.минута. Деби од сништата за Коло Муани, кој го постигна голот.
Во вториот дел играчите на Јувентус не постоеја на теренот, не упатија ниту еден удар кон голот на Мерет. Беа притиснати пред својот гол. Офанзивата на Наполи вродо со плод во 57.минута. Совршен центаршут испрати Политано, а играчот на натпреварот Ангиса погоди со глава.
Откако изедначија, домашните тргнаа уште пожестокот кон голот на Ди Грегорио. Прашање на време беше само кога ќе постигнат уште еден гол.
Во 68.минута, наивен старт врз Мектоминеј направи Локатели, а пеналот во гол го претвори Лукаку. Оваа беше јубилејниот 200. гол на Лукаку во петте најсилни европски национални првенства.
Текстот (Видео) Наполи со пресврт го победи Јувентус е превземен од МАКФАКС.