Најмалку пет лица се убиени во пукање во Ерусалим. Околу 15 лица се повредени, од кои седум потешко.

Според првичните извештаи, двајца напаѓачи се качиле во автобус и отвориле оган. Автобусот се движел по пат што води кон еврејските населби во источен Ерусалим. Полицијата извести дека двајцата напаѓачи биле „брзо неутрализирани“.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат десетици луѓе како бегаат од автобуската станица за време на утринскиот шпиц.

Болничарите кои пристигнале на местото на настанот ја опишале ситуацијата како хаотична, со простор покриен со скршено стакло, а ранети луѓе лежат во несвест на патот и тротоарот во близина на автобуската станица.

Сè уште не е јасно кој бил мотивот за пукањето или кој стои зад него. Хамас го поздрави нападот, но не ја презеде одговорноста. Војната во Газа доведе до пораст на насилството и на Западниот Брег, кој е окупиран од Израел, и во Израел.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Напаѓачи се качиле во автобус во Ерусалим и почнале да пукаат, петмина убиени е превземен од МАКФАКС.