Напад со нож се случи попладнево во Мулхаус, Франција, во близина на покриен пазар, при што едно лице загина, а неколку се повредени. Според информациите објавени од BFM Alsace, напаѓачот пред да биде уапсен извикал „Алах Акбар“.

Во нападот загинал 69-годишен Португалец, додека меѓу повредените има и припадници на градската полиција. Националното обвинителство за борба против тероризмот потврди дека меѓу жртвите има и цивил кој се обидел да интервенира, додека тројца полицајци се ранети.

Претседателот Емануел Макрон и се обрати на јавноста од Париз, изразувајќи ја „солидарноста на нацијата“ со семејствата на жртвите. Тој го нарече нападот „исламистички терористички акт“ и рече дека властите ќе ги преземат сите неопходни мерки за да одговорат на ова злосторство.

Премиерот Франсоа Бајру рече дека „фанатизмот повторно удри“ и дека Франција е во жалост.

Националното обвинителство за антитероризам покрена истрага за убиство поврзано со терористички активности и обид за убиство на службеници. Напаѓачот моментално е во полиција.