Најмалку 208 лица загинаа, а 52 се водат како исчезнати во налетот на супертајфунот Раи на Филипините, објавија локалните власти.
Официјални лица денеска соопштија дека 239 лица се повредени.
Повеќе од 300 000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот пред налетот на тајфунот Раи, со ветрови кои достигнуваат брзина од 195 километри на час, помина низ централните и јужните делови на Филипините.
Околу 780 000 луѓе беа загрозени од тајфунот кој предизвика прекин на комуникациите и урна далноводи, пред да се упати кон Јужното Кинеско Море во саботата.
Супертајфунот е силен циклон еднаков на ураган од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.