Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија наместо да ја испочитуваат предвидената минута молчење во чест на фудбалерот Андреј Лазаров и останатите жртви од трагедијата која се случи во Кочани, пееја, скандираа и исвиркуваа, со што предизвикаа голем револт во целата држава.
Поради нечовечкиот однос на навивачите на Шкендија кои за време на минута молк за жртвите од Кочани пееја песна за УЧК, тетовскиот клуб може да добие голема казна од 4 до 12 натпревари без присуство или суспензија на теренот, односно играње надвор од Тетово, како и парична казна од 5.000 евра. Фудбалската федерација на Македонија веројатно ќе отвори дисциплинска постапка поради овој потег, а одговорноста паѓа на сметка на ФК Шкендија.
Текстот (Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа е превземен од МАКФАКС.