Авион со 227 патници и членови на екипажот полетал од аеродромот во Делхи според планираното, но наишол на силна бура што резултирала со интензивни турбуленции.

Застрашувачко видео од патнички авион заробен во средината на силна бура се шири низ интернет.

На снимката се гледаат патници како врескаат во паника додека доживуваат силни турбуленции. На снимката патниците се молат за своите животи додека целиот авион се тресе.

Според информациите, на овој лет имало околу 227 патници и членови на екипажот, а само храброста и смиреноста на пилотот ги спасиле животите на сите патници.

Според странските медиуми, пилотот прогласил вонредна состојба на летот бидејќи авионот наишол на силен дожд. Инцидентот се случил на летот од Делхи до Сринагар, објави „Фри Прес џурнал“.

Според патниците, авионот се тресел силно. Се отворија и горните делови за багаж, кој падна врз некои од патниците. Патниците беа во целосна паника, раскажуваат патниците.

Според медиумите, инцидентот се случил во средата, а авионот безбедно слетал на аеродромот во Сринагар. Видео снимено од патник и објавено на X покажува паника и страв додека авионот наидува на дожд, предизвикувајќи силни турбуленции.

Летот се одвивал непречено и патниците претпоставувале дека ќе стигнат до Сринагар за 30 минути кога пилотот дал сигнал да ги врзат безбедносните појаси, изјавил еден патник за новинската агенција „Прес Траст оф Индија“.

„Имаше толку многу турбуленции што помислив дека ова е мојот последен лет. Сите мислеа дека ќе се срушиме. Беше толку трауматично искуство“, рече тој.

„Летам често, но никогаш не сум доживеал нешто вакво. Многу сме благодарни на пилотот што слета безбедно“, додаде тој, пренесува CNN.