(ВИДЕО) Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на Нетанјаху како и на лидерите на Хамас

Меѓународниот суд на правдата побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за наводни воени злосторства.

„Постојат разумни основи да се верува дека израелскиот премиер Нетанјаху сноси кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече главниот обвинител на МКС, Карим Кан.

Судот бара налог за апсење и на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, заповедникот на Бригадите Ал Касем, Мохамед Дијаб Ибрахим ал-Масри и политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханијех, кои вклучуваат истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад во притвор.

Судски панел ќе го разгледа барањето на Кан.