Меланија Трамп мораше да интервенира и да му помогне на Доналд Трамп да ја надмине непријатната ситуација на погребот на папата Франциск, откако американскиот претседател речиси направи дипломатски гаф.
Повеќе од 250.000 ожалостени се собраа на плоштадот „Свети Петар“ за да му оддадат почит на папата Франциск, кој почина од мозочен удар на 88-годишна возраст на Велигденски понеделник.
Меѓу присутните имаше странски државници, светски лидери и монарси, а се известува дека на овој собир во Ватикан учествувале претставници од 130 земји и меѓународни организации.
Делегацијата ја предводеа американскиот претседател и неговата сопруга Меланија, чиј 55-ти роденден случајно се падна на денот на погребот на папата. Тие пристигнаа во Рим доцна претходната вечер.
За време на тричасовната католичка миса, во еден момент присутните беа поканети да си дадат „знак на мир“ со ракување.
Видео го покажува Трамп како ги набљудува настаните околу него, но не учествува во ритуалот „знак на мирот“, сè додека Меланија не му дошла на помош, како што подоцна беше откриено.
Никола Хиклинг, форензичка читачка на усни, за „МејлОнлајн“ изјави дека Меланија му шепнала на сопругот да почне да се ракува, пред Трамп неволно да му ја подаде раката на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Треба да го направиш тоа“, му шепна Меланија на уво, а потоа повтори.
„Добро, во ред“, одговори американскиот претседател.
Потоа тој се ракуваше со естонскиот претседател Алар Карис, како и со шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, пред да се сврти кон Макрон.
The congregation are invited to offer the sign of peace – by shaking each other’s hands.
Cameras quickly pan to the US president, who, after a short pause and a word from Melania, begins shaking hands with other world leaders. https://t.co/Id7P7vW11O
Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/SLAqNKbS7S — Sky News (@SkyNews) April 26, 2025
Текстот (Видео) Меланија го спаси Доналд Трамп од дипломатски гаф на погребот на папата е превземен од МАКФАКС.