Марко (69) и Соња (57) Миротиќ од Црна Гора го чекаат своето прво дете.
Бебето треба да се роди во април, кога и е терминот на Соња. Таа за порталот „Дан“ изјави дека по 22 години борба им се исполнила големата желба да станат родители. Со години се мачеле да основаат семејство и барале стручни мислења во многу земји.
„Затоа им велам на сите парови кои минуваат низ она што го поминавме да веруваат. Прво, да веруваат во себе и во својот партнер и да имаат огромна желба за тоа. Можеби мислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психолошка работа, но тоа е и удар по нивниот џеб, но само бидете упорни и веројатно ќе се оствари. Оној кој верува во чуда создава чуда. Нека не се откажуваат“, рече таа.
Текстот (Видео) Марко (69) и Соња (57) го чекаат своето прво дете: „Кој верува во чуда, создава чуда“ е превземен од МАКФАКС.