Кошаркарите на Денвер ги победија Лос Анџелес Клиперс со 131:115 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот и се доближија до победа до пласман во полуфиналето на Западот.
Никола Јокиќ забележа трипл-дабл со 13 поени, 12 асистенции и 10 скока, но ѕвезда на вечерта беше Џамал Мареј, кој експлодираше со 43 поени и осум тројки од 14 обиди.
Заедно со него, Денвер ги имаше најсилните напаѓачки адути во Арон Гордон (23п) и Расел Вестбрук (21п), кои се вратијна теренот со стил откако го пропуштија претходниот натпревар.
Нагетси го одиграа најдобриот натпревар во серијата, имаа целосна контрола врз натпреварот цело време, па оттука и предноста константно растеше.
Во првата четвртина, Денвер имаше 12 поени разлика, во третиот дел имаше 17, а во последната четвртина, Јокиќ и неговата дружина ја запечатија победата кога дојдоа до 112:90.во средишницата на последниот период.
Тоа беше и најголемото водство во натпреварот.
Потоа следуваше мало опуштање на домаќините, неприфатливо лоша игра, летаргична, што го искористија Клиперсите и со серија од 17:4 дојдоа на 116:107, будејќи надеж за голем пресврт.
Сепак, следеше контра-напад од 11:0 на Нагетсите, феноменалниот Мареј постигна шест поени во тој налет, Гордон пет и со тоа стави крај на натпреварот.
На спротивнта страна Ивица Зубац уфрли 27 поени, Каваи Ленард 18, а Богдан Богдановиќ 18.
Текстот (Видео) Мареј ги растури Клиперси, Јокиќ со нов трипл-дабл е превземен од МАКФАКС.