Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, според планот, со победа во Лихтенштајн ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство. На „Рајн парк“ стадионот во Вадуц, во првиот меч во Ј групата, Македонија го победи Лихтенштајн со 3:0. Македонија шестти натпревар во низа одигра без приимен гол. Столе Димитриевски е апослутен рекордер, нема примено гол 621 минута.
Македонските фудбалери ја остварија целта, забележаа победа и не се истрошија за следниот меч, кој е за три дена.
Резултатот го отвори Трајковски во седмата минута, кога со глава ја спроведе топата во мрежата по нафрлувањето на Миовски. Трајковски го постигна шестиот гол во дуелите со Лихтенштајн, негов 22. во репрезентативниот дрес.
Предноста ја зголеми Муслиу во 42.минута. По корнерот на Барди, Алими ја префрли топката во петтерецот, а Муслиу во стил на врвен напаѓач со волеј ја испрати во голот.
El GOLAZO de media volea de Musliu para darnos el contundente 2-0. pic.twitter.com/XSZ93X4vNL
— Mecedonia
(@MacedoniaFC) March 22, 2025
Асистентот за првиот гол Миовски го постави конечниот резултат. Напаѓачот на Џирона, го совлада голманот на лихтенштајн по нафрлувањето со надворешна на Илиевски во 84.минута.
Во 59.минута, македонските навивачи скандираа „Кочани, Кочани“, со што им одадоа почит на трагично починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во овој град на 16.март.
Наредниот меч, Македонија ќе го одигра за три дена, во Скопје против Велс.
Текстот (Видео) Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на СП е превземен од МАКФАКС.