Педесет и шестгодишен маж пронашол необичен подарок, стар 46 години додека ја реновирал куќата на неговите родители.
Божиќниот подарок бил наменет за него уште кога бил 10-годишно момче.
Американецот Тим Кинг, жител на Илиноис, добил неочекувано божиќно изненадување кога додека ја реновирал куќата на своите родители, пронашол подарок скриен во ѕидот – подарок што му бил наменет пред 46 години, кога бил дете.
Тој го снимил и објавил ова необично откритие на социјалните мрежи на 27 декември, непосредно пред Божиќ. Тим, кој е сопственик на градежна компанија, бил во процес на реновирање кога наишол на подарокот, завиткан во винтиџ хартија со ликови од цртаните филмови на Дизни.
Подарокот датира од Божиќ 1978 година, а најинтересниот дел од приказната е што неговото име било напишано на него.
„Кога го најдов подарокот, хартијата во која беше завиткана беше многу стара и си помислив: ‘Ох, по ѓаволите, моето име е на неа’, изјави Тим, кој бил крајно изненаден од откритието.
Според него, подарокот најверојатно паднал во мала пукнатина меѓу ѕидовите, бидејќи неговите родители имале навика да ги кријат подароците на таванот.
Тим одлучил да ја почека мајка му за да го отворат пакетот заедно, а овој момент е овековечен во друго видео кое го сподели со пријателите и следбениците.
Кога го отвориле, откриле комплет мини борбени авиони што Тим ги посакувал како дете.
„Требаше да го откријам ова кога имав 10 години, но навистина е прекрасно да се види дури и сега“, заклучил Тим.
Текстот (Видео) Маж ја реновирал куќата и нашол божиќен подарок од 1978 година наменет за него е превземен од МАКФАКС.