Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денес објави дека нејзиниот тим во нуклеарната централа Запорожје во Украина слушнал експлозии и видел чад што доаѓа од блиската локација.

Нуклеарната централа објави дека еден од нејзините помошни објекти бил нападнат денес, според соопштението, објави Ројтерс.

Се нагласува дека помошниот објект се наоѓа на 1.200 метри од нуклеарната централа.

Претставниците на електраната претходно денес објавија дека гранатирањето од страна на украинските вооружени сили предизвикало локализиран пожар во индустриската зона во близина на нуклеарната централа Запорожје.

Како што е соопштено, нема закана за безбедното работење на нуклеарната централа.

Се наведува дека зрачењето измерено во индустрискиот комплекс на електраната и во зоната на набљудување било „во границите на природните вредности“.

Во соопштението стои дека за време на гаснењето на пожарот, рускиот спасувачки тим бил нападнат од дрон на украинските вооружени сили и дека во нападот немало жртви.

Текстот (Видео) МААЕ: Експлозии и чад во близина на нуклеарната централа Запорожје е превземен од МАКФАКС.