Наполи ја победи Рома со 1:0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.
Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.
Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.
По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.
На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.
Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.
Текстот (Видео) Лукаку го реши „Дербито на сонцето“ – Наполи повторно е лидер во Серија А е превземен од МАКФАКС.