Тотенхем ја продолжи катастрофалната серија во Премиер лигата. Во 23.коло, на домашен терен загуби од Лестер (1:2). Со ист резултат заврши и вториот меч одигран во терминот од 15 часот, Брентфорд го совлада Кристал Палас.
Тотенхем е во сериозна криза, на последните седум натпревари во Премиер лигата, тимот на Ангелос Постекоглу освои само еден бод. Извесно е дека тренерот ќе добие отказ. Тотенхем се наоѓа на 15.место со само 24 поени.
Лестер со овој триумф до кој дојде со голвите на Варди и Ел Канус во 46. и 50.минута избега од опсната зона. Лестер против Тотенхем ја прекина серијата од седум натпреари без триумф.
Во исто време, Брентфорд со идентичен резултат победи на стадионот на Кристал Палас.
Гостите поведоа во 66. минута преку Мбеумо од пенал, а во 80. минута Шаде го удвои водството.
Езе во 85. минута им даде надеж на домашните, но до крајот не можеа да избегнат пораз.
Двете екипи се на средината на табелата. Брентфорд е 11. со 31 бод, додека Кристал Палас заостанува четири бода на 12. позиција.
Текстот (Видео) Лестер ја продолжи агонијата на Тотенхем, Брентфорд победи кај Кристал Палас е превземен од МАКФАКС.