Фудбалерите на Рома ја совладаа Џенова со 3:1 (1:1) во воведниот натпревар од 21. коло во италијанската Серија А.
Избраниците на Клаудио Раниери конечно одиграа добар партија и доминираа за да дојдат до бодовите иако немаа предност по првите 45 минути.
„Волчицата“ поведе во 25. минута со голот на Артем Довбик, но само осум минути подоцна израмни Масини.
Сепак, второто полувреме и припадна на Рома, која конечниот триумф го оствари преку Ел Шарави во 60. минута и Леали кој си постигна автогол во 73. минута.
Рома сега е на деветтото место со 27 освоени бодови, додека Џенова заостанува четири бода на 11. место.
Текстот (Видео) Лесна победа за Рома против Џенова е превземен од МАКФАКС.