Српската полиција во опрема за разбивање на демонстрации, поради чие присуство и грубо постапување неодамна беа организирани големи протести во Нови Сад, денес ја напушти зградата на Филозофскиот факултет за да се префрли во зградата на Универзитетскиот ректорат, како што објавија српските медиуми.

„Полицијата не го напушти студентскиот кампус, туку отишла во канцеларијата на ректоратот, која ја „окупирала“ по големиот студентски протест во саботата навечер, а на покана на ректорот“, објави порталот 021.рс.

Полицијата била на универзитетот 13 дена затоа што деканот повикал на интервенција, по што се заклучил во зградата и ги избркал студентите, според регионалниот медиум Н1, додавајќи дека по тоа започнале студентски и граѓански протести, за кои полицијата остро интервенирала за да ги смири.

Студентите веќе немаат пристап ниту до канцеларијата на ректоратот, во која влегла интервентната полиција на покана на деканот Дејан Мадиќ, па се заедно со некои незадоволни професори пред администрацијата на Универзитетот. Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека состојбата на Филозофскиот факултет во Нови Сад се „нормализира“ и додаде дека тоа е очигледно и од фактот дека 1.300 студенти се пријавиле за полагање на испитот и дека во зградата повеќе нема студенти во блокада, кои ги нарече блокатори.

„Никој не ме информираше за тоа, но фактот дека 1.300 студенти сакаат да влезат и дека повеќе нема блокади во самата зграда е доволен показател дека работите се нормализираат“, рече Станковиќ на телевизијата К1. Во Нови Сад, медицинските работници и студентите на Медицинскиот факултет денес протестираа пред Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ).

Протестот „Ние преврзуваме, вие претепувате“ беше организиран поради полициската бруталност што кулминираше пред три дена, за време на големиот митинг во Нови Сад, каде што полицајците не ги поштедија ниту медицинските лица кои им пружаа помош на повредените граѓани, па дури и приведоа лекар додека им пружаше помош, објави Н1.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Лекарите и студентите по медицина протестираат во Нови Сад: „Ние преврзуваме, вие претепувате“ е превземен од МАКФАКС.