Момент за историја на „Вембли“, играчите на Кристал Палас го освоија првиот трофеј во 120.годишната историја на клубот. Кристал Палас го пибеди Манчестер сити со 1:0 и го освои трофејот во ФА купот.

Трета среќа за Палас, во третиот обид славеа во најстарото куп натпреварување во светот. Претходно не успеаја во 1990 и 2016 година.

Сити остана без ниту еден трофеј оваа сезона, без Премиер лигата, Лига купот, Лигата на шампионите и ФА купот.

Херои на Палас се стрелецот на единствениот гол во 16.минута Ечереки Езе и голманот Дин Хендерсон. Хендесон одбрани пенал, во првиот дел ги запре ударите на Халанд и Доку, а во 82.минута го одбрани и ударот на младиот Аргентинец, Ечевери.

Нивните имиња ќе бидат запишани со златни букви во клупската историја.

Трагичар е Омар Мармуш, Хендерсон му одбрани пенал во 37.минута.

Текстот (Видео) Кристал Палас го победи Сити, го освои првиот трофеј во клупската историја е превземен од МАКФАКС.