Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Мечот се одигра помеѓу тимот на Осогово во Кочани и тимот на Македонија ЃП.

Натпреварот заврши 0:0.

Во 59. минута натпреварот застана и почна долго ракоплескање во помен на 59-те жртви од пожарот, а штипската телевизија „М Нет“ го пренесе моментот.

Потоа се скандираше „Кочани, Кочани“ за градот обвиткан во црно.

Текстот (Видео) Кочани, Кочани… емоции на крајот од првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата е превземен од МАКФАКС.