Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз од ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западот. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серија која се игра на четири победи, Клиперсите водат со 2:1.
Кај гостите, Никола Јокиќ беше најдобар. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (9/14 шут од игра) со по 13 скока и асистенции. Јокиќ беше најдобар играч на натпреварот во сите три најважни категории, но неговиот тим убедливо загуби.
The Clippers gave fans horse hats to distract Nikola Jokić
#MileHighPlayoffs pic.twitter.com/Q0ZetbeqOX — Guerilla Sports (@guerillasports_) April 25, 2025
Пред натпреварот, Клиперси им обезбедија на најстрасните навивачи специјални реквизити наменети да го провоцираат најдобриот противнички играч. За навивачите кои се зад кошевите, во делот од гледалиштето познат како „Ѕидот“, на столчињата имаше плишани коњски глави.
Клиперси им делеа реквизити на навивачите за да го одвлечат вниманието на Јокиќ, особено кога ги изведуваше слободните фрлања свртен кон „Ѕидот“.
Оваа бизарна провокација е насочена кон Јокиќ бидејќи тој е голем љубител на коњи и сопственик на хиподром во неговиот роден Сомбор.
The horse distractions worked on Jokic
pic.twitter.com/86jWAKN5U8 — BricksCenter (@BricksCenter) April 25, 2025
Ова не е прв пат Јокиќ да биде пречекан со ваков вид провокација кај Клиперс. Минатиот декември, додека шутираше слободни фрлања во Лос Анџелес, еден домашен навивач држеше транспарент на кој пишуваше „Тато, ми недостигаш“, а носеше маска на коњ.
Српските медиуми бурно реагираа на оваа „акција“ на Клиперсите.
„Телеграф“ пишува за неа под наслов „Срамна провокација за Никола Јокиќ: Коњски глави го пречекаа Србинот во Лос Анџелес, НБА не паменти вакво нешто“. Насловот на „Блиц“ е „Отворена провокација од Клиперси за Јокиќ! Погледнете што го пречека Србинот во Лос Анџелес, ова никогаш не е видено во НБА“.
Текстот (Видео) Клиперсите го пречекаа Јокиќ со коњски глави е превземен од МАКФАКС.